Во Дебар изгоре штала и дел од добитокот

Во Дебар изгоре штала и дел од добитокот
22.08.19   16:29

Прочитано : 102

Print This Article

Во пожар кој избувнал синоќа во штала во Дебар, изгореле повеќе грла добиток а пеплосана е и поголема количина сено.

Според Џетан Мифтароски, командир на Територијалната протвпожарна единица дојавата за пожарот ја добиле во 22:40 часот по што веднаш се упатиле кон шталата,која е сместена во кругот на поранешниот армиски гарнизон.

– Интервениравме со 6 возила и 10 пожарнкари. Многу брзо стигнавме и успевме да спасиме 15 грла групен добиток,крави и телиња, изјави Мифтароски.

За жал за дел од добитокот не можело да се стори ништо.

Дебарските пожарникари вчера попладне интервенирале и во гаснење пожар во шума над селото Броштица, каде била зафатена сува трева. Благодаение на интревенцијата на жителите, вели Мифтароски, избегнато е проширување на пожарот.

До денеска дебарската Територијана противпожарна единица, која интервенира и во општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река, има 112 интервенции од нив околу 90 отсто се пожари на отворен простор.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести