Во Брисел завршија разговорите Белград-Приштина

Во Брисел завршија разговорите Белград-Приштина
8.11.18   20:29

Прочитано : 208

Print This Article
loading...

Во Брисел вечерва завршија разговорите во рамки на дијалогот Белград и Приштина во кои посредува Европската унија.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини имаше разговори со претседателот на Србија Александар Вучиќ и одделно со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Потоа следуваше заеднички состанок, јави Танјуг.

Тоа беше прв состанок меѓу Вучиќ и Тачи по 2,5 месеци откако прекина дијалогот Белград – Приштина. Средбата се одржува во  момент кога косовски власти воведоа 10 отсто зголемување на данокот за стоки од Србија.

Во соопштение од ЕУ е наведено дека се очекува Вучиќ и Тачи на состанокот ќе потврдат своја подготвеност да интензивираат напори за постигнување правно обврзувачки договор за нормализација на односите.зш/

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно