Внукот на Тоше: „Споредбите не ми годат, никој не може да го замени вујко ми“

Внукот на Тоше: „Споредбите не ми годат, никој не може да го замени вујко ми“
16.10.19   12:51

Прочитано : 847

Print This Article

Многумина го споредуваат со Тоше и го нарекуваат негов наследник. Во интервју за Точка.мк внукот на Тоше, Кристијан откри дека не ги сака споредите со неговиот вујко бидејќи никој не може да го замени.

„Споредбите воопшто не ми годат, бидејќи никој не може да го замени вујко ми. Како што веќе ви реков, јас само многу ја сакам музиката“ вели Кристијан.

Пред 11 години Тоше Проески со Кристијан ја снимаше песната „My little one“.

„Приказната за таа песна е многу долга и широка, но еве накратко.. Додека вујко ми го подготвуваше неговиот англиски албум „The Hardest Thing“, во Крушево, јас постојано бев околу него и го следев што прави, како свири… Одвреме навреме си ја потпевнував „Nothing Else Metters“ од Metallica, бидејќи тогаш таа ми беше омилена и така некако спонтано настана и „My Little One“, вели внукот на Тоше.

Целото интервју тука.

  Категории: