Внимавајте! Тоа што најчесто го гледате, тоа и најмногу го јадете

Внимавајте! Тоа што најчесто го гледате, тоа и најмногу го јадете
4.11.19   12:55

Прочитано : 238

Print This Article

Ако ја декорирате вашата кујна со фотографии или со слики со храна, имајте предвид дека тоа може да влијае на вашата телесна тежина. Истото важи и ако ставите одредени видови храна на видливо место, како што се: сад со овошје, корпа со зеленчук или тегла со житарици.

Научниците ја докажаа врската помеѓу достапноста на одредени видови храна и ризикот од зголемена тежина. Тие користеле фотографии направени во кујните на 200 домаќинства и откриле дека луѓето што имаат овошје и зеленчук на полиците во просек имаат шест килограми помалку, а оние што имаат житни култури за појадок во просек имаат девет килограми повеќе.

Најголема телесна тежина (во просек 11-12 килограми) е забележана кај жените во чиишто кујни биле фотографирани газирани сокови.

  Категории: