ВМРО-НП: Упатуваме искрено сочувство, сите да го почитуваат овој траорен ден без ситни потфрлувања и иронични мислења

ВМРО-НП: Упатуваме искрено сочувство, сите да го почитуваат овој траорен ден без ситни потфрлувања и иронични мислења
14.02.19   09:48

Прочитано : 196

Print This Article

ВМРО-Народна партија упатува искрено сочувство до семејствата на загинатите патници од автобусот кој вечерва се преврти покрај автопатот Тетово – Скопје.

„Во овие тешки моменти како за нивните роднини и пријатели така и за сите граѓани на Македонија упатуваме апел до сите без разлика на вера, нација и политичка определба да го почитуваат овој траорен ден без ситни потфрлувања и иронични мислења за тоа како и врз база на што се случила несреќата. За тоа ќе се погрижат надлежните институции, а тоа што ние најмалку можеме да го направиме е да сочувствуваме со нашите сограѓани, другари, роднини, а на повредените да им посакаме брзо заздравување.
ВМРО-Народна партија упатува голема благодарност до сите надлежни екипи но и луѓето кои несебично излегоа на лице место и помогнаа во извлекувањето на настраданите во вечерашната несреќа“, стои во соопштението на ВМРО-НП.

  Категории: