ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ тешко до конечната одлука за референдумот (Видео)

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ тешко до конечната одлука за референдумот (Видео)
11.09.18   15:37

Прочитано : 771

Print This Article
VMRO

И на вечерашните состаноци на Извршниот и на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ тешко до  конечната одлука за референдумот за името велат партиски извори за 1тв.  Неофицијално големи биле разликите мегу реформаторите и неколкумина членови на Извршниот комитет  кои биле за бојкот…

-Реформаторите предлагале одлуката да биде – Секој да излезе на гласање и да одлучи слободно дали е за или против. Додека пак неколкумина членови на ИК кои тајно промовирале тивок бојкот низ Македонија се залагале за – секој да одлучи дали ќе излезе или не на референдумот, велат нашите извори…

Нашите извори велат дека доколку  мнозинството биде за  втората одлука тоа ќе значи дека партијата  ќе го повика членството на бојкот

Во меѓувреме извори за 1 тв потврдруваат дека партиското раководство и на координација со пратеничката група ќе го кристализира својот став…. Неодамна од протестниот марш во Кичево Мицкоски рече…

-Кој е Христијан Мицкоски да му каже на народот што треба да прави? Да се обидува да го замајува со скапи маркетиншки трикови и странски пи-ар советници, кој ми го дал мене ова право?“, рече Христијан Мицкоски на 3 септември од Кичево.

Вчера 1 ТВ  неофицијално објави дека се очекува партијата да донесе одлука со која би му сугерирала на членството на 30 септември секој сам по сопствен избор да одлучи околку референдумот.

Весна Велкова