ВМРО-ДПМНЕ се повлекле од преговорите на консултации, Хан си заминува рано наутро

ВМРО-ДПМНЕ се повлекле од преговорите на консултации, Хан си заминува рано наутро
15.01.16   23:24

Прочитано : 11,922

Print This Article

Повеќе од шест часа претставниците на политичките партии со помош на еврокомесарот Јоханес Хан се обидуваат да ги усогласат своите ставови за датумот на изборите, реформите во медиумите и начинот на прочистување на избирачкиот список.

gruevski

– Според партиски извори ВМРО-ДПМНЕ од 18.15 се повлекле во посебна просторија за уште еднаш да ги преиспитаат своите ставови и се уште се таму додека другите учесници чекаат да се вратат на преговарачка маса -пишува порталот Плусинфо.

Засега е неизвесно кога средбата ќе заврши и каков ќе биде исходот, но веќе проструи информацијата дека авионскиот лет со кој а еврокомесарот Јоханес Хан си заминува од земјава е во шест часот изутрина.

Инаку настанот што се случува во резиденцијатана ЕУ во скопско Пржино го следат голем број на новинарски екипи, кои се стационирани пред резиденцијата, но вечерва немаат многу среќа, бидејќи не само што надвор е студено, туку дополнителен проблем им задава тоа што врне дожд.

извор: Плусинфо

  Категории: