ВМРО-ДПМНЕ: Богоевски да направи тест за дроги и да докаже дека не е зависник

ВМРО-ДПМНЕ: Богоевски да направи тест за дроги и да докаже дека не е зависник
15.05.19   23:42

Прочитано : 285

Print This Article

Павле Богоевски нема веќе никаков кредибилитет да биде пратеник и да ги лаже граѓаните со некакви пријави, реагираа вечерва од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Постојат отворени сомневања дека Богоевски зема наркотици и дека е можно неговите изјави, настапи и одлуки да биле под дејство на опијати. Павле Богоевски треба да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не е. Единствен начин да го докаже спротивното е своеволно да направи тест за дроги и да ја увери јавноста дека е вистина тоа што го зборува. Доколку Богоевски одбие или не го направи тестот за дроги, тоа ќе биде јасен показател дека е зависник од дрога. И да се работи за тешка дрога и да се работи за канабис, земањето и трговијата со тоа е кривично дело и по однос на случајот Јавното обвинителство треба да поднесе кривична пријава за Богоевски. Признанието на Богоевски е како крадец да се брани дека не украл пари во продавница, туку дека украл некој автомобил. И едното и другото се кривично дело и ниту едното ниту другото го амнестира од вина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие очекуваат премиерот Зоран Заев да побара негова оставка, но и од Богоевски да покаже морална и политичка доблест и да даде директна оставка од функцијата пратеник.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести