Владата засилено лобира за датум за преговори со ЕУ

Владата засилено лобира за датум за преговори со ЕУ
15.05.19   21:20

Прочитано : 214

Print This Article
Dimitrov-Berlin-1

На само две недели пред објавувањето на извештајот на ЕК, интензивно се лобира за доделување на датум за преговори со ЕУ. Аргументи дека земјата ги исполнила критериумите на Унијата се Претседателски избори, реформите, Договорот со Бугарија и Спогодбата од Преспа.

Северна Македонија, е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да направиме разлика, порача Димитров во обраќањето во германскиот Бундестаг.

– И покрај тешката политичка ситуација во Европа денес, претстојните европски избори, сите прашања кои се поврзани со тоа, едноставно го немаме луксузот да не успееме во создавањето успешни приказни. Мојата земја Северна Македонија денес е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да напарвиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика. Ништо од ова, ниту помирувањето, ниту Преспанскиот договор не беше неизбежно. Напротив, се случи бидејќи ние тоа го направивме, заедно со лидерстово во Атина, вели Димитров.

И покрај најавите дека на 29 мај ќе има позитивен извештај од Европската Комисија, сепак земјата ќе мора да ги убеди сите 28 членки на Европската Унија дека  постигнала  напредок.

Францускиот амбасадор признава дека во последниве две години се завршени голем дел од работите , но не прецизира дали тоа ке биде доволно за датум. Се очекува исполнување на конкретни работи меѓу што и постигнување на договор за СЈО.

– Вашата земја очигледно е на добар пат, останува да оцениме дали напредокот којшто е постигнат е доволен да се оправда доделувањето на датум за отпочнување на преговорите. Таа одлука нема нема само Франција да ја даде, туку секоја членка одделно, вели Тимоние.

Според досегашната пракса, министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за прашањата за проширување на Унијата на првиот редовен состанок, веднаш по објавувањето на Извештајот на ЕК.  Следниот редовен состанок на министрите на ЕУ е закажан за 18 јуни. Но со оглед на тоа дека на некои земји им е потребна согласност од националните парламенти можно е  дебатата за проширувањето да се помести за министерски состанок во јули.

Во меѓувреме од 1 ви јули Финска го презема претседателството на ЕУ.

Лепа Џундева

  Категории: