Владата не знае во што ќе го пренамени споменикот на Мајка Тереза кој го блокира влезот на плоштадот

Владата не знае во што ќе го пренамени споменикот на Мајка Тереза кој го блокира влезот на плоштадот
13.06.19   13:27

Прочитано : 193

Print This Article

Владата уште не знае во што ќе се пренамени споменикот на Мајка Тереза кој го блокира влезот на Плоштадот Македонија, но и понатаму не отстапува од одлуката тој да не се урива. Кон почетокот на февруари, од Владата информираа дека одлучиле споменикот да не се урива оти тоа би било поскапо од доградувањето. Оттогаш поминаа пет месеци, но идејно решение не е избрано.

„За споменикот на Мајка Тереза, Владата донесе одлука да се пренамени. Штом ќе биде избрано идејното решение за овој објект, ќе бидете соодветно информирани“, велат од Владата.

Оттаму не одговорија дали досега стигнале идејни решенија и во што би се пренамени овој објект.

Работната група за „Скопје 2014“, која ја формираше токму Владата преку Министерството за култура, предложи споменикот да се урне бидејќи прекршува низа закони, правниот поредок и владеењето на правото. Но и покрај тоа, Владата предводена од СДСМ која додека беше опозиција го критикуваше проектот и го нарекуваше кич и криминален, реши да го догради.

По одлуката на Владата споменикот на Мајка Тереза да не се урива туку да добие нова намена, оставка од работната група поднесе претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија Мартин Пановски.

„Споменикот на Маја Тереза е изграден во пешачки дел на влезот на Плоштадот, таа градба го прекршува Уставот, Законот за урбанистичко планирање и ред други закони. Сметам дека тој споменик треба да се урне, а не да се доградува. Не сакам да бидам алиби од довршување на проекот ‘Скопје 2014’“, изјави за СДК на 13 февруари Пановски.

повеќе

  Категории: