Број на објавени текстови денеска: 123

Владата на Груевски му плаќала на Синохидро 3-4 пати повеќе од цените што сега ги нуди кинеската компанија на тендер

Владата на Груевски му плаќала на Синохидро 3-4 пати повеќе од цените што сега ги нуди кинеската компанија на тендер
24.05.19   20:21

Прочитано : 2,151

Print This Article

Директорот на Јавното претпријатија за државни патишта Зоран Китанов во денешното гостување во емисијата Отворено на 1 ТВ обелодени дека актуелната влада со кинеската компанија Синохидро склучувала договори кои се со драстично пониски цени во споредба со сумите што компанијата за истите позиции ги инкасирала од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочи Китанов, Синохидро на тендер за патниот правец Крупиште-Кочани понудил 574 денари за тампон од дробен камен, додека истата позиција за автопатската десница Миладиновци-Штип вредела 2.202 денари по кубен метар.

За набавка, транспорт и изработка на битуменизиран долен носив, пак, за Крупиште-Кочани сега била постигната цена од 55 денари со Синохидро, додека своевремено за Миладиновци-Штип оваа услуга чинела 107 денари по сантиметар.

За набавка, транспорт и изработка на полимер асвалт-бетон сега ќе бидат потрошени по 70 денари од сантиметар, а порано за време на друга влада, за друга делница, но за истата позиција, биле потрошени 185 денари.

Инаку, треба да се истакне финансиската конструкција за Миладиновци-Штип се градеше според договор со кредиторот, кој ја условуваше ниската каматна стапка со избор на изведувач по пат на преговори во 4 очи, додека цените за Крупиште-Кочани се постигнуваат на тендерска постапка.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести