Владата најавува зголемување на прагот за ДДВ обврзници

Владата најавува зголемување на прагот за ДДВ обврзници
9.10.19   16:35

Прочитано : 1,044

Print This Article

– Ќе се зголемува прагот од еден милион денари за плаќање ДДВ. Министерството за финансии работи на предлогот и наскоро треба да излезе во јавноста.

Ова го најави премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

– Прогресивниот данок е воведен, ние го викаме правичен. Во делот на физички и правни лица за лимитот на ДДВ од еден милион денари, Министерството за финансии работи на таа проблематика, бидејќи се уште нема методологија за поврат на ДДВ. Следните денови Министерството за финансии ќе излезе со податок во фукција на исполнувње на програмското ветување на оваа Влада. Ќе има промени, не знам дали ќе биде три мииони, два милиони, 2,5 милиони или слично, ќе има одредени промени како поддршка на економијата и севкупната потрошувачка на граѓаните, изјави премиерот.

 

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести