Владата е партнер на бизнисмените, но администрацијата е пребавна – Азески во Централниот дневник на 1ТВ

Владата е партнер на бизнисмените, но администрацијата е пребавна – Азески во Централниот дневник на 1ТВ
26.06.19   22:49

Прочитано : 169

Print This Article
Azeski

Бизнисмените не се радосни поради смената на министерот за финансии Драган Тевдовски поради прогресивниот данок, свесни се дека Владата е колективен орган и нормално е да имаат различни гледишта со секоја Влада, но главното што го очекуваат од неа е постојан дијалог, вели првиот човек на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

-Ние се буниме за две работи – прво, изигрувањето на консултациите преку инструментот „скратена постапка“ кој изобилно се користи и од оваа и од претходната Влада. Тоа е ситуација во којашто во старт си заобиколен и исфрлен од игра. Второ, при консултациите, колку е тој процес озбилен, на кое ниво се одвива… Сме имале ситуации во коишто органот на управување ти доставува барање за мислење вечерта во 18 часот, а бара да го дадеш до 20. Ние сме институција од 15.000 членки, илјадници луѓе кои учествуваат во креирањето на политиката и ни треба време за тоа, вели Азески.

Во однос на водењето на економската политика на оваа Влада, бизнис фелата, вели Азески, реагира точно на тоа што мисли дека не е во ред, а го фали тоа што е во ред и Владата ја сметаат за партнер со кој треба да се почитуваат.

-Нашите забелешки се однесуваат на една работа – треба просечно три години за една идеја што ние ја елаборираме за администрацијата да сфати дека тоа е применливо. Затоа, можам да најавам дека наредната недела ќе правиме една пародија, журка во Комората по повод петгодишнината од недонесувањето на законот за холдинг. Холдинг има цел свет, образложението на нашата администрација е дека не се носи затоа што ќе има проблем во консолидираните биланси. Па зошто се тогаш институциите што ги плаќаме за контрола?, прашува Азески и вели дека проблемот го гледа во Министерството за економија.

Според него, бавноста на администрацијата несвесно доведува до тешки финансиски последици бидејќи се плаќаат камати за земени кредити, не може на време да се извршат обврските. Затоа, вели, бизнисот бара брзина, а администрацијата бавност и стрпливост кои треба да се балансираат.

-Кога ќе се рече реконструкција на Влада, тоа значи или промена на луѓе заради забрзување на одредени процеси или формирање на нови приоритети. Мислам дека премиерот во овој момент се раководел од тоа дека патот кон НАТО и ЕУ е отворен и треба да се отворат некои нови перспективи. Претпоставувам дека сега премиерот сакал можеби со дел од истите луѓе да тргне во определување на нови приоритети, а тие мора да бидат таму каде што се запрени работите, кај капиталните инвестиции, вели Азески и додава дека на периоди не е лошо премиерот да ускокне и да ги покаже приоритетите.

За идејата во Владата да нема бизнисмени, Азески вели дека и од Комората ги сметале за негативни искуствата на Хари Костов како премиер и министер за внатрешни и на Минчо Јорданов како потпретседател. Според него, прашањето на конфликт на интереси кај нас не е решено и нема да се реши, а на тоа плус е и моралниот аспект.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории: