Владата ќе одржи седница во 11 часот

Владата ќе одржи седница во 11 часот

– Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница во 11 часот.

Како што информира владината прес-служба, за заклучоците од седницата ќе информираат веднаш штом ќе биде завршена.

Владата на вчерашната 34-та седница, донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од вчера од 21:00 часот до 05:00 часот во понеделник (06.04.2020 година). Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.