Влада: Не го поставуваме натписот „Северна Македонија“, ја варосуваме фасадата пред церемонијата за подигнување на знамето на НАТО

Влада: Не го поставуваме натписот „Северна Македонија“, ја варосуваме фасадата пред церемонијата за подигнување на знамето на НАТО
12.02.19   00:04

Прочитано : 1,028

Print This Article

Владиниот потпарол за Прес 24 вели дека не се поставува натписот „Севетна Македонија“ туку дека се варосува зградата.

Откако денеска беше отстранет знакот на кој пишува „Влада на Република Македонија“ ноќеска пред валдата имало паркиран кран кој чекал да ја постави новата табла на која треба да пишува „Влада на Северна Македонија“ , пишува Скопје 1.мк.

Сепак владиниот потпарол за Прес 24 вели дека се варосува владината фасада на места каде што била оштетена за утрешната церемонија за подигање на знамето на НАТО.

Официјалното прво подигање на знамето ќе се изврши во текот на утрешниот ден.

Денеска се поставуваа столици за гостите што ќе присуствуваат на свеченоста, а припадници на Гардата на АРМ ги вежбаа активностите што ќе треба да ги изведат.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести