Влада: На крајот на 2018 јавниот долг изнесува 5.202.200.000 евра, Северна Македонија останува умерено задолжена земја

Влада: На крајот на 2018 јавниот долг изнесува 5.202.200.000 евра, Северна Македонија останува умерено задолжена земја
25.06.19   19:48

Прочитано : 140

Print This Article
Vlada

Владата на денешната седница го усвои Годишниот извештај за управување со јавниот долг за 2018 година и согласно член 27 од Законот за јавен долг да го достави до Собранието на Република Северна Македонија.

– Јавниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра што претставува 48,5 отсто во однос на БДП. Државниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5 посто во однос на БДП. Со ова ниво на државен долг, Република Северна Македонија и понатаму останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2018 година изнесува 80,8 отсто, се наведува во соопштението од Владината прес-служба.

Оттаму велат дека годишниот извештај за управувањето со јавниот долг има за цел поблиску и на редовна основа да ги информира Владата и Собранието на Република Северна Македонија и да ја запознае јавноста со карактеристиките на должничкото портфолио на Република Северна Македонија, како и со преземените мерки за негово ефикасно управување во текот на минатата година.