„Вкусот на Скопје“ – прв фестивал на улична храна

„Вкусот на Скопје“ – прв фестивал на улична храна
15.05.19   19:08

Прочитано : 248

Print This Article
софија3

На 18 и 19 мај на Школка ќе се одржи првиот фестивал на улична храна „Вкусот на Скопје“. Околу 20 локални сендвичари и ресторани ќе ги постават своите штандови со специјалитети во Градскиот Парк. Програмата започнува од 11.00ч а трае сѐ до вечерните часови  На оваа тема гостин во Отвореното Студио 1 со Јана Јосифоска и Влатко Чаловски беше Софија Кузмановска, организатор на фестивалот.

-Идејата за фестивалот беше многу едноставна. Го немало досега кај нас, а го имало во сите соседни земји, па зошто да го нема и кај нас. Примарната идеја беше дека сме држава која ужива во храната, имаме вкусна храна и секој момент од нашиот живот го поврзуваме со вкусната храна. Се вика „Вкусот на Скопје“ бидејќи првото издание е во Скопје, но наша желба е да прерасне, па да биде вкусот на Охрид, вкусот на Струга, рече Кузмановска.

Кузмановска вели дека брзата храна не значи и нездрава храна.

-Со сите проекти кои ги правиме сакаме да го издигнеме нивото на свест. Особено за улична храна, постои некои мислење дека не е здрава што е далеку од вистината. Имаме учесници кои ќе дадат акцент токму на тој момент. Ќе се готви на лице место, па дали сакате пица, пециво или скара, тоа ќе го има и ќе биде свежо зготвено, објаснува Кузмановска.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории: