Витко тело без многу напор

Витко тело без многу напор
9.07.19   16:02

Прочитано : 273

Print This Article

Дебелината е проблем насекаде во светот како кај возрасната популација така и кај адолесцентите и децата.Прекумерената телесна тежина е ризик-фактор за разни болести како: срцева болест, висок крвен притисок, остеоартритис, дијабетес и хормонални пореметувања.

Денеска на пазарот има голем број на препарати кои нудат брзо и лесно постигнување на саканата тежина.Дел од нив се со глукоманан. Но што всушност е глукоманан?

Глукоманан е влакно кое се раствора во вода а се добива од коренот на јапонската билка „Amorphalus Konjac“, која со векови се користи во традиционалната јапонска медицина. Оваа билка е составена од единици на Д -маноза и на Д-гликоза во однос 1,6:1. Овој полисахарид во присуство на вода нараснува , зголемувајќи го својот волумен до 200 пати во однос на почетниот. На тој начин глукомананот создава чувство на ситост и го продолжува времето до следниот оброк.Глукомананот го нормализира нивото на холестеролот.

Доколку се одлучите да користите препарат со глукоманан внимавајте да внесувате доволно витамини и минерали преку исхраната за да не дојде до развој на некоја болест.

извор: нашездравје

комерцијална објава

  Категории: