Рецепт: Витаминска салата со цвекло, спанаќ, сирење и ореви

Рецепт: Витаминска салата со цвекло, спанаќ, сирење и ореви
28.10.19   13:30

Прочитано : 863

Print This Article

Есенска салата полна со витамини …

Потребно е:
250 г цвекло
150 г рукола
100 г сирење
2 шаки јаткасти плодови (ореви, бадеми или лешници)
100 г листови млад спанаќ
2 лажици јаболков оцет
2 лажици маслиново масло
сол и бибер

Подготовка:
– Цвеклото измијте го убаво и сварете го. Оставете го да се излади, излупете го и исечете го на коцки.

– Убаво измијте ги листовите спанаќ. Јаткастите плодови исецкајте ги на помали парчиња. Исто и сирењето исечете го на коцки.

– Во еден сад ставете ги оцедот и маслиновото масло и изматете ги со вилушка. Додадете сол и бибер, по вкус.

– Во чинија за сервирање ставете ги сите состојки и на крај прелијте ги со подготвениот прелив.

 

  Категории: