Вилата на Џеф Безос цел на разбојници

Вилата на Џеф Безос цел на разбојници
11.06.18   13:58

Прочитано : 162

Print This Article

Вилата на најбогатиот човек во светот, милијардерот Џеф Безос, во Беверли Хилс, била цел на крадци. Полицијата ги гонела разбојниците по улиците на Лос Анџелес, но тие сепак успеале да побегнат.

Обидот за грабеж резултирал со еден скршен прозорец, а полициските извештаи говорат дека ништо не било украдено од хациендата на основачот на Амазон.

Откако не успеале во намерата, и покрај тоа што полицијата трагала по нив, крадците неколку часа подоцна ограбиле друга вила во близина на вилата на Безос. По вториот, успешен грабеж, полицијата тргнала во потера по нивниот автомобил, па така почнала филмската брканица, но по 25 минути, на крадците им се загубила трагата.

  Категории:
view more articles

Актуелно