Виена-Будимпешта

Виена-Будимпешта
15.03.19   19:57

Прочитано : 1,843

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Оној, почесниот претседател од Будимпешта, ја смисли фразата „политички прогон“, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговите сопартијци упорно повторуваат дека судењето за обидот за пуч и убиства на пратеници на 27 април било „политички прогон“. Каков политички прогон, бре? Не беше тоа обична гужва пред Собрание. Насилниците беа влезени да убиваат пратеници и новинари. Директен пренос се вршеше од нападот. На телевизија гледавме раскрвавени глави. Мислеа дека Села е убиен и го влечеа како мрша. Чекаа да скокнат Албанците да се одмаздуваат. Уште чекаме да се расветли улогата на претседателот Ѓорѓе Иванов, за кого дел од осудените рекоа дека им било речено оти ќе прогласи воена состојба.

Па во тој занес од мантрање „политички прогон“, па „политички прогон“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски го спореди судењето на обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 со историското судење на нацистите по завршувањето на Втората светска војна, познато како Нирнбершки процес. Во интервју за вестите на ТВ Сител, зборувајќи за притворот на Митко Чавков, тој рече дека „изрекувањето на пресудите ќе биде Нирнбершки процес за првпат запаметен во поновата историја на Република Македонија“.

Нирнбершки процес (или Нирнбершки судења) е називот за последователните судења на истакнати членови на политичкото, военото и економското водство на Третиот рајх. Судењата биле одржани во Нирнберг, Германија, од 1945 до 1949. Првото и најпознатото од овие судења е Судењето на главните воени злосторници на меѓународниот воен трибунал, коешто судело 24 лица од најважните заробени водачи во нацистичка Германија.

Прво реагираше САД за несоодветната споредба на Мицкоски. А потоа се јави и Германија. „Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со Нирнбершките процеси е несоодветна. Со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците“, соопшти амбасадата на Германија во Скопје.

Мицкоски не се извини за таа несреќна споредба. Што да каже човек? Или тој на знае што се Нирнбершки процеси и кому и за што му се судело, или и тој и партијата сметаат дека на националсоцијалистите на Хитлер за злосторствата во Втората светска војна им било судено во политички монтиран процес. Или Мицкоски има дупка во образованието, па ги спореди своите сопартијци со националсоцијалистите, или навистина ги жали фашистите оти ги суделе во Нирнберг.

Или е премногу суетен за да признае грешка.

Целата колумна на СДК на следниот линк.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести