ВИДЕО: Жената која го тепа детето во Дежаву била дадилка платена да ги чува децата, мајката видела од снимката

ВИДЕО: Жената која го тепа детето во Дежаву била дадилка платена да ги чува децата, мајката видела од снимката

Доцна попладнево во ресторанот Дежаву кој претпладнето објави шокантно видео од нивниот видео надзор како жена претепува мало дете а во игротеката е со уште две, се појавила мајката на децата.

Им се заблагодарила многу на персоналот на ресторанот, им кажала дека од видеото видела дека се работи за нејзините три деца.

Видно вознемирена раскажала дека сопругот и работи во странство а додека таа е на работа децата ги чувала жената која го тепа едното од трите деца.

Од Дежаву велат дека тие снимката ја пријавиле и во полиција и дека попладнево насилната дадилка била викната на информативен разговор во полиција.