ВИДЕО: Жена спасена по 17 часа откако врз неа се срушила нејзината куќа

ВИДЕО: Жена спасена по 17 часа откако врз неа се срушила нејзината куќа

Ена беше спасена вечерва од урнатините на една срушена куќа, 17 часа по силниот земјотрес што ја погоди источна Турција.

Преносот во живо на спасувачките активности покажа дека женски спасувач зборувал преку телефон со заробената жена, идентификувана како Азизе, во обид да ја смири за време на операцијата за спасување.

 

Земјотресот со јачина од 6,8 степени го погоди источниот дел на провинцијата Елазиг во 20.55 часот по локално време вчера, со епицентар во областа Сиврице, заедно со соседните провинции и земји, вклучувајќи Сирија и Грузија.