ВИДЕО: Земјоделците од Карбинци бесни и на нога. Државата ја давала нивната земја на други

ВИДЕО: Земјоделците од Карбинци бесни и на нога. Државата ја давала нивната земја на други

Земјоделците од Карбинци бесни и на нога. Нивната земја, државата ја давала на други, пренесува ТВ Стар.

Станува збор за околу 130 ХА државно земјоделско земјиште за кое е во тек оглас за трансформација на односот од плодоуживање во закуп. Истото досега го користеа 18 овдешни земјоделци, кои тврдат дека сега остануваат без егзистенција:

„Ние имаме земено земја, ни поминаа договорите и не саакат да ни ги продолжат. Сега, истото тоа земјиште го нудат на тендер“, реагира земјоделец од Карбинско.

Според овдешните земјоделци, за земјиштето не одлучувала логиката , туку партијата:

„Земјата е доделена партиски, јас сум од Крупуште каде има околу 100 ХА под ориз, се вмровци ги земаа“, рече земјоделец од Карбинско.

Поради ова, тие денес излегоа на протести во обид земјата која ја користеле во последните 5 години да ја одбранат:

„За да не ги земат некои од Скопје или од други градови. Имаме пример во кој жител на Крива Паланка зеде 1.500 ХА и сега ги дава под наем“, рече земјоделец од Карбинско.

Меѓу земјоделците од Карбинци денес беше и дополнителнио министер за земјоделство:

„Оваа неправда е уште еден доказ повеќе дека ревизија на распределбата на земјоделско земјиште мора да има“, потенцираше Љупчо Николовски, дополнителен министер за земјоделство.

Карбинските земјоделци се категорични дека доколку змјиштето им се одземе тие ќе ги блокираат патиштата , зашто таа земја им ги храни семејствата. Без неа остануваат без работа и без леб.