Број на објавени текстови денеска: 117

ВИДЕО: Заев во Преспа пристигна со мотор

ВИДЕО: Заев во Преспа пристигна со мотор
16.06.19   16:02

Прочитано : 4,993

Print This Article

Истакна оти се надева дека со  настанот „Meet Prespa”, што се одржува викендов во Преспа, се започнува една убава традиција што ќе го одбележи пријателство, меѓу Северна Македонија, Албанија и Грција, посебно преку импликација на дружење со  младите.

„Огромно задоволство е Преспа да ја запознаеме на ваков начин, преку дружење, музика, храна, преку запознавање на природните убавини и традицијата.Им честитам на градоначалникот на Ресен и на граѓаните од регионот кои овие два дена го организираат настанот „Запознај ја Преспа“, вчера во Отешево, денеска тука на плажата во Дупени. Утре се навршува една година од Договорот од Преспа, а ова што денес се случува тука, ова поврзување на народите од Северна Македонија, Грција и Албанија само покажува какви придобивки носи тој договор.Преспа е мозаик, Преспа обединува, Преспа е Европа. Ги повикувам сите граѓани да доаѓаат тука, да креираат содржини и да му дадеме живот и инцијатива на овој уникатен регион“ рече премиерот Заев.

фото: Тера

видео: Центар

view more articles

Останати вести