(ВИДЕО) Заев: СДСМ ги предизвика изборите, не е важно кој ќе победи, туку да бидат кристално чисти

(ВИДЕО) Заев: СДСМ ги предизвика изборите, не е важно кој ќе победи, туку да бидат кристално чисти

Од второстепено значење е кој ќе биде победник на изборите, важно е дека тој ќе мора да има целосен легитимитет и затоа не може да има приближно фер избори туку тие мора да бидат кристално чисти, порача денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, пренесе ТВ21.

https://youtu.be/j-eu5I7BZWk

Тој тврди дека не се точни обвинувањата дека партијата го кочи изборот на државната изборна комисија само за да ги одложи изборите.„Како што знаете СДСМ ги предизвика изборите и СДСМ настојува да се одржат избори. Фер, регуларни и демократски избори. Избори заради избори не ни требаат“, истакна Заев.

Не се точни обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ не ги прифаќа двајцата кандидати – Албанци за членови на ДИК што ги предложија ДУИ и ДПА, туку само не прифаќаме кандидати ниту пак нудиме такви кои што имаат политичка определба, тврди Заев. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ не ги прифатил кандидатите експерти на СДСМ туку само дека имало приближување на ставовите за нив.

„Секако дека СДСМ ги прифаќа кандидатите Албанци за членови во ДИК. Ние многу често на нашите листи имавме кандидати Албанци. И за ДИК и за Специјално обвинителство и за било какви други кадровски понуди кои што сме ги разговарале таму на маса. Се работи за експертскиот осврт на самите кандидатски листи. Ние сме приврзаници експертите да бидат прифатени од сите партии а да не биде тоа поделено помеѓу ВМРО, СДСМ, ДУИ или ДПА. Тогаш не се експерти“, изјави Заев.

Предвремените парламентарни избори се закажани за 24 април 2016.