(ВИДЕО) Заев: Преговорите пропаднаа. Ако изборите се одржат на 24 април, СДСМ нема да учествува

ТВ21/ НЕМА ДОГОВОР! Изјавата на Претседателот на СДСМ, веднаш после завршувањето на лидерската средба.

Posted by TV21 on Friday, January 15, 2016
16.01.16   01:17

Прочитано : 16,864

Print This Article

Изјава на Зоран Заев, претседател на СДСМ:

 

Почитувани претставници на медиумите, почитувани новинари, медиумски работници,

Прво дозволете да ви се извиниме, иако не е по наша вина оваа непријатна ситуација, да чекате овде цел ден.

Почитувани граѓани,

За нас не се прифатливи избори без навремена регулација на медиумите и и без навремено прочистување на Избирачкиот список.

Ако се одржат избори на 24 април, ние на такви избори нема да учествуваме, а ќе продолжиме да се бориме за фер, регуларни и демократски услови за одржување избори.

Ќе продолжиме да се бориме за слободна и демократска Македонија.
Одговор на новинарско прашање:

Медиуми: Дали тоа значи дека пропаднаа преговорите?

Заев: Пропаднаа преговорите, нема договор, ќе ги добиете сите детали.