(Видео) Заев: Паднавме од оние кои станаа од големото добро утро, а не знаат ни добар ден да кажат, но пораката ја примивме и ќе има промени

(Видео) Заев: Паднавме од оние кои станаа од големото добро утро, а не знаат ни добар ден да кажат, но пораката ја примивме и ќе има промени
23.04.19   23:00

Прочитано : 2,830

Print This Article

-Ако беше добра опозицијата ќе напредуваше во бројот на гласови но тие паднаа надолу, порача премиерот Заев на трибината во Тетово.

Претседателот на СДСМ се осврна и на падот на бројот на гласови на владејачката партија за кои што вели дека дел од граѓаните не се незадоволни од централната политика и од договорите со Грција и Бугарија или рамковниот договор, туку од оние функционери кои станаа од големото добро утро а не знаеле ни добар ден да кажат, но пораката била примена и дека ќе има промени.

Премиерот посочи дека е свесен дека има слабости и дека ќе се работи напорно да се исправат овие работи.

Заев исто така изјави дека делот од граѓаните што се незадоволни не дале глас за Сиљановска бидејки не гледале алтернатива во неа и сепак е убеден дека во вториот круг ќе излезат и дека ќе го дадат гласот за Стево Педаровски.

Целата трибина погледнете ја во видеото:

  Категории: