(ВИДЕО) Заев: Груевски нарачува триесетка со кромид, разговорите за Нешкоски потврдија како се владеело

(ВИДЕО) Заев: Груевски нарачува триесетка со кромид, разговорите за Нешкоски потврдија како се владеело
15.07.19   19:28

Прочитано : 1,444

Print This Article

„Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство“, вели премиерот Заев на прашањето дали чувствува одговорност за објaвувањето на „бомбите“ и насилните протести што се случија, пренесува А1он.

– Алудирајќи на делот од разговорите каде Груевски вели триесетка со кромид да му дадете на осомничениот за убиството, потврдува дека влијаеле и се мешале во судството, смета Заев.

„Таму има уште многу разговори и јасно во сите се гледа дека се обидуваат да скријат убиство и да монтираат притвор и тоа го потврдувам“, рече Заев.

„И мене ми доаѓаше да ја кршам оградата на Владата затоа што се однесуваа како богови и одлучуваа за човечки судбини“, додаде Заев на прашање дали чувствува одговорност за сечење и монтирање на материјалите и за инцидентите по објавување на „бомбата“ за Нешкоски.

Видео – А1он

  Категории:
view more articles

Останати вести