(ВИДЕО) За голем дел од граѓаните оваа влада „воопшто не е добра“

(ВИДЕО) За голем дел од граѓаните оваа влада „воопшто не е добра“
29.08.16   17:35

Прочитано : 885

Print This Article

Поголемиот број од граѓаните не сакаат влада што се грижи за сопствениот џеб, без оглед на тоа, колку успешни проекти има. На прашањето на анкетата направена од организацијата АГТИС од Прилеп, дали оваа влада е добра заради тоа што иако краде, повеќе дава за граѓаните, 57 проценти одговориле со „воопшто не„.

luge_na_ulica_1_6

Речиси ист е и процентот на тие кои сметаат дека функционерите кои не крадат, не се глупави. 47 проценти се изјасниле и против незаконското снаоѓање и сметаат и дека, луѓето кои се вработени преку партија, не треба да се чувствуваат должни никому. Анкетата покажува и дека, граѓаните си ги знаат законските права.

Знаат дека имаат право да одбијат да одат на протест, иако им е така наредено. 70 проценти велат дека би одбиле таква наредба. 53 проценти сметаат дека Специјалното обвинителство не е противуставна институција, а висок процент изјавиле и дека институциите не се независни од владата.

Поголемиот дел се изјасниле и дека Македонија не е загрозена од странски служби и домашни предавници, дека нелегалните снимки се правени во македонската тајна служба, како и дека државата ги прислушкува телефоните.

Наспроти овие резултати, кои покажуваат висока свест кај граѓаните за општествените прилики, политичките аналитичари сметаат дека догогодишното владеење на оваа политичка гарнитура довело до ерозија на моралот и моралните вредности.

Аналитичарите укажуваат дека, разградувањето на овој систем ќе оди многу тешко. Прв чекор, потенцираат, се реформите во образованието, медиумите и културата, а потоа и во се` останато.

извор: Телма

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести