(Видео) Вонредна состојба поради поплавите во Босна и Херцеговина

(Видео) Вонредна состојба поради поплавите во Босна и Херцеговина
15.05.19   13:07

Прочитано : 349

Print This Article
поплави босна

Властите во Босна и Херцеговина прогласија вонредна состојба во неколку општини во државата поради обилните поплави.

Во местото Бегов Хан кај Жепча шестгодишно момче паднало во поток, чиј водостој се зголеми како последица на обилните дождови. Неговата мајка скокнала по него за да го спаси, но безуспешно. Со возило на Брза помош мајката е префрлена во болница, а специјална полициска единица се уште трага по детето.

Обилните дождови во БиХ предизвикаа поплави на север и во централните делови на земјата, каде одделни места се отсечени, а граѓаните пријавуваат проблеми со снабдувањето со вода и струја.

  Категории: