ВИДЕО) Во областа на нападот со нож во Сиднеј пронајдено тело на друга убиена девојка

ВИДЕО) Во областа на нападот со нож во Сиднеј пронајдено тело на друга убиена девојка

Сиднејската полиција пронашла тело на млада жена во една од зградите во центарот на австралиската метропола, во близина на местото каде штп претходно во вторникот маж вооружен со мачета напаѓал случајни минувачи, пренесува телевизијата SBS.

 

Според информацијата, телото на жената било откриено од полициските службенции додека вршеле увид во зградите на областа на наапдот во центарот на Сиднеј. Според полицијата, во моментов истрагата се обидува да утврди дали постои врска меѓу смрта на девојката чиј врат бил пересечен и нападот врз случајните минувачи

Центарот на Сиднеј и натаму е блокиран од полицијата и агенциите за итни состојби, а сообраќајот се пренасочува.

Претходно беше објавено дека непознат маж вооружен со мачета се обидел да нападне минувачи во центарот на Сиднеј, при што една жена се здобила со убодни рани. Очевидци на инцидентот успеале да го совладаат напаѓачот пред пристигнувањето на полицијата,

Жената е пренесена во болница откако се здобила со убодни рани во напад со нож кој во вторникот во центарот на австралиската метропола Сиднеј, објави австралиската полиција.

Полиција приведе маж кој ја нападнал, а напаѓачот претходно се обидел со нож уште неколку лица, наведуваат полициски извори за инцидент кој во вторникот рано попладнето по локално време предизивја несекојдневен застој во сообраќајот на улиците на деловниот центар на најголемото австралиски град.

„Имаме женско лице избодено со нож на коешто итните служби му пружиле помош и го пренеле во градската болница“, изјавил началникот на полицијата Гевин Вуд. Според него, повредите не биле опасни по живот.

Вуд, исто така, изјавил дека мотивите на напаѓачот сѐ уште не се познати, но истакнал дека тој дејствувал сам.