(ВИДЕО) Увозна Саботажа

(ВИДЕО) Увозна Саботажа
30.09.19   23:15

Прочитано : 788

Print This Article

Проблемот со дефинирањето на јавното лудило кое го предизвика жестокоста на сознанието за безочната злоупотреба на кредибилитетот на една круцијална институција, сепак добива свој канал низ кој треба да протече и една од низата капки во морето одговорност, за се, па и за погрешната интерпретација на поимите.

„Прво, мене многу ми пречи самиот назив „Рекет“, затоа што јас мислам дека тука зборуваме за уцена и поткуп а никако не за рекет. Рекет е нешто сосема друго“.

Ничија рехабилитација не доаѓа предвид и сите инволвирани, во која и да е форма мора да бидат санкционирани и да биде урнат стереотипот за истоветност и прогледување низ прсти кој со децении, ако не и повеќе се ваја како спомен обележје за ова поднебје.

„Веќе одамна кај нас во многу случаи, крадци гонат крадци или пак интересот ги направил ортаци“.

Ортакалукот прави повеќе штета отколку што се претпоставува дека ќе биде полезен, па затоа, тие што на каков било начин се обидувале да јаваат на бранот на заедништвото а не на консеквенците кои тоа со себе ги носи, мора да знаат дека таквото месо, ниту кучињата не сакаат да го јадат.

„Има една реченица која гласи вака, револуцијата ги јаде своите деца“

Некако паралелно со ваквиот судски расплет, привршува и заплетот на административниот јазол кој е обесен околу вратот на државата. Најавите дека и тој ќе се сече, само звучат грубо, а сепак може да има и добра страна, со оглед дека бројни службеници конечно ќе се ослободат од најголемиот товар кој го носат, од единствената реална обврска.

„Нема да мораат политички да се ангажираат да ги носат со автобуси на разните митинзи и да мора да одат по куќите и да агитираат.“

Можеби ним ќе им се придружат и нивните шефови, кои и покрај сите услови што им се на располагање, не изгледаат задоволно и не се чувствуваат мотивирани и натаму да бидат дел од тој апарат, па отворено се конфронтираат со сопствената улога во него.

„Мене ако ме прашувате, доаѓам од приватен сектор, таму е поубаво, повисоки се платите, поубави се условите за работа, веќе за жал, можам да кажам во приватниот сектор“.

И на крајот. Бизнисот е незадоволен од ваквата кадровска комбинаторика. Тие надмено упатуваат на потреба од сериозна и висока квалификација, гарантирана со туѓ пасош.

„Не ми е јасно зошто не треба да увезуваме работна рака“.

На оние што сакаат да им стане јасно, доволно е само да ги отворат платните списоци на вработените во компаниите кои ги застапува комората. Тогаш веројатно ќе им биде, ама не зошто не треба, туку зошто не може.

Извор: 360 Степени

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести