ВИДЕО: Ученик од 7-мо одделение се расплака кога прв пат виде бои

ВИДЕО: Ученик од 7-мо одделение се расплака кога прв пат виде бои

Џонатан Џонс е 12-годишно момче и оди во седмо одделение. Неодамна, лекарите му рекоа дека е слеп на бои.

Во ноември 2019 година, директорот на училиштето одржа лекција за слепило на боја. Среде лекцијата, директорот зеде „специјални“ очила и му ги даде на Џонатан. Тогаш очилата „Енхром“ му овозможија да ги види боите.

„Твои се“, му рече директорот, „да видам што можат да направат“.

Џонатан ги тргна своите очила и ги стави специјалните. Веднаш можеше да се види неговата емотивна реакција.

Видеото стана популарно, а мајка му Керол доби бројни охрабрувачки пораки, како и неколку донирани очила „Енхром“.

„Џонатан доби неколку донирани очила, кои ќе ги користиме, како и сите донирани средства, за да купиме очила за оние што не можат да си приуштат. Компанијата Енхром, изрази загриженост, и ќе донира уште едни очила за секои купени, така што ќе се зголеми бројот на луѓе кои помагаат“./Денешен