ВИДЕО: Уапсените во истрагата „Империја“ на СЈО донесени пред суд

ВИДЕО: Уапсените во истрагата „Империја“ на СЈО донесени пред суд
9.11.18   14:43

Прочитано : 2,130

Print This Article

Уапсените во новата истрага отворена од страна на СЈО под кодното име „Империја“ почнаа да се изведуваат пред судот, објави Макфакс.

Од СЈО официјално не ги потврдуваат имињата на приведените, а според неофицијални информации меѓу нив е бизнисменот Орце Камчев.

Новата истрага на СЈО е поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители. Меѓу уапсените е и Цветан Панделески, кој е бизнис-партнер на Камчев и татко на Дејан Панделески, кој е кумашин на поранешиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Новата истрага од страна на СЈО под кодното име „Империја“ е против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Видео – Макфакс

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести