ВИДЕО: Top Channel го фати заменик министерот за здравство Асим Муса како зема мито

ВИДЕО: Top Channel го фати заменик министерот за здравство Асим Муса како зема мито

Заменик-министерот за здравство Асим Муса е вмешан во корупциски скандал при што и е фатен на дело. Муса беше фатен од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, кое се емитуваше синоќа во 20:10 часот на Top Channel.

Имено заменик министерот Муса се пазарел со пациент од Албанија за да се изврши операција во една од болниците во Струга.

За оваа работа, Муса побарал 1.000 евра, додека однапред земал 50 евра. Во емисијата се вели дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши.

FiksFare

Zv Ministri: 1000 euro operacioni, 100 euro synetlliku.https://youtu.be/xyIyuzA24RM

Posted by Fiks Fare on Понеделник, 14 октомври 2019

Дополнето:

Оставка си поднесе заменик министерот за здравство Асим Муса, вели дека не барал мито, туку дека паднал во стапица