(ВИДЕО) Таткото на Боки 13: Не сум Силвестер Сталоне да го истепам попот за 1 минута

(ВИДЕО) Таткото на Боки 13: Не сум Силвестер Сталоне да го истепам попот за 1 минута
21.10.19   22:27

Прочитано : 691

Print This Article

Судијката Александра Ристеска рече дека не добила известување за отсуството на обвинителката која била уредно повикана. Адвокатката на Миле Јовановски, Јелена Симиќ, рече дека не им бил дозволен увид во доказите на Обвинителството иако тоа го барале со ургенции, пренесе А1он.

Боки 13 е сведок во оваа постапка, но судот не го повикал поради економичност на постапката.

Следното рочиште е закажано за 12 ноември. Излегувајќи од судот, Миле Јовановски рече дека не бил Силвестер Сталоне за да го истепа попот за една минута, кој пак му бил сосед.

„Не сум Силвестер Сталоне да го истепам за една минута“, рече Јовановски на излегување од судницата.

Јовановски рече дека не знае ништо за случајот „Рекет“: Не знам ништо, немам појма.

Често се случува во судот да не доаѓаат обвинители. Утрово и обвинителката која го застапуваше обвинението, побарала изземање за случајот со малата Тамара.

Видео – А1он

  Категории: