ВИДЕО: Судбината на СЈО во рацете на партиите

ВИДЕО: Судбината на СЈО во рацете на партиите
19.03.19   19:55

Прочитано : 91

Print This Article

Ден по средбата на работните групи за Законот за јавно обвинителство, во кој е вклучена судбината на СЈО во преговарачките тимови на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ молк до каде можат да отстапат за барањата на другиот се со цел Македонија да го донесе и овој реформски закон кој го бара Европа.  Неизвесна е судбината дали законот за ЈО ќе биде донесен до собраниската пауза во текот на изборната кампања за претседателските избори… Од опозициската партија и понатаму тврдат дека нема да дозволат да има паралелни институции кои нема да одговараат пред никого, но и тоа дека персоналните решенија не може да бидат дел од Закон. Министерката за правда Рената Дескоска која ја предводи работнта група на владејачката коалиција вчера по средбата рече дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ СЈО да биде дел од Основното јавно обвинителство за гонење на криминал и корупција а не посебно обвинителство, не е прифатливо од стратегиските опредселби дека СЈО треба да продолжи како обвинителство , а не како одделение во друго обвинителство. Од СДСМ  и денеска ја повикаа опозицијата да ги надмине партиските интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, jа повикаа власта да се договорат принципите на работа на наредните средби.

Според  министерката за правда Дескоска има разлики и околу судбината на истрагите кои се во тек во СЈО, како и предистражни постапки и обвиненија кои се покренати по 18 месеци од предавањето на материјалите од т.н. бомби. Барањето кое значи прекинување на овие постапки и потоа, ако треба, нивно одново започнување, на некој начин значи губење на голем број докази кои би биле сериозни докази во постапки, на тој начин нивниот предлог содржи опасност од неуспешно завршување, а со тоа и амнестирање“, смета министерката за правда.

Весна Велкова Тодоровска

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести