ВИДЕО: Српската опозиција бара ослободување на притворените – 1ТВ во живо од Белград

ВИДЕО: Српската опозиција бара ослободување на притворените – 1ТВ во живо од Белград
18.03.19   22:07

Прочитано : 182

Print This Article

Во живо од Белград, новинарката Кристина Атовска линковски се вклучи во Централниот дневник на 1ТВ. Атовска ги пренесе најновите информации од главниот град на Србија по хаотичниот викенд кога демонстранти упаднаа во просториите на српската национална телевизија РТС.

-Денеска е малку помирно од завчерашниот ден кога демонстрантите упаднаа во РТС, но е доста раздвижено. Утрово маршираа средношколците бидејќи меѓу осудените се наоѓа еден средношколец. Ова зад мене е зградата на претседателството која вчера беше опколена од демонстрантите додека претседателот Александар Вучиќ се наоѓаше во неа и малку револт се создаде кога Вучиќ објави фотографија како игра шах што беше протоклувано како знак на дрскост, извести Атовска.

Атовска извести и за 18 лица кои беа уапсени во протестите.

18 лица приведени од 6 завршија во затвор на цели 30 дена, судењата биле во текот на вчерашниот ден и се работи за експресни судења. Според ставот на опозицијата единствен излез е амнестија, додаде Атовска.

Ивестувањето во живо од белград како и дел од интервјуата со главниот уредник на РТС Зоран Станоевиќ и Борко Стефановиќ од партијата Левица можете да ги погледнете во видеото.

  Категории: