(Видео) Со налепници во различна боја ќе се одредува кои возила ќе сообраќаат кога е загадено

(Видео) Со налепници во различна боја ќе се одредува кои возила ќе сообраќаат кога е загадено
8.11.18   19:52

Прочитано : 1,934

Print This Article
loading...
loading...

Со налепници во зелена, жолта и црвена боја ќе се знае за секое возило дали и колку загадува. Оваа владина мерка ќе им овозможи на локалните власти да одредат кои автомобили можат, а кои не можат да сообраќаат во деновите со зголемено загадување и  тоа според бојата на еко налепницата.

Со измените на Законот за автомобили, кои се доставени до Собранието, ќе се субвенционира и набавката на нови еколошки возила со електричен или хибриден погон. Владата најавува и сет мерки за справување и со нелегалните такси превозници. Легалните таксисти ќе добијат жолти таблички.

Инаку според податоците од Министерството за животна средина, најголем дел од возилата во земјава се ЕУРО 2 стандард или ЕУРО 1. На третото место се возилата без ЕУРО стандард, кои сега би добиле црвена налепница.

Загадувањето од автомобилите со ЕУРО 1 и ЕУРО 2 во споредба со оние со ЕУРО 3 и ЕУРО 4 е неколку пати поголемо. Истото важи за патнички возила со бензин и дизел мотор.

  Категории: