(ВИДЕО) Синдикатот на УПОЗ се заканува со штрајк, судскиот Совет најави зголемување на додатоците само за платите на судиите

(ВИДЕО) Синдикатот на УПОЗ се заканува со штрајк, судскиот Совет најави зголемување на додатоците само за платите на судиите
3.12.18   18:05

Прочитано : 122

Print This Article
упоз1

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судски службеници испрати последен апел до владата да ги прифати нивните барања за зголемување на  додатоци на платите на  судските службеници. Тие се заканија со штрајк доколку нивните барања не се исполнат во најскоро време и ппбараа оставка од претседателот на Судслиот совет, Зоран Караџовски, соопшти на денешната прес-конференција, првиот човек на УУПОЗ, Пеце Грујоски.

Синдикатот побара да им бидат вратени и е 40 отсто од платите кои им биле задржани за време на претходниот штрајк, како и зголемување на платите за пет отсто. Тие се незадоволни затоа што ззголемување  на надоместоцитте добија само судиите 0д 35 отсто на надомест.

Новата реакција на синдикатот дојде само по еден час откако претседателот на Судскиот Совет Зоран Караџовски на брифинг со новинарите соопшти дека во новиот судски буџеет не се предвидени средства за додатоци на платите на судските службеници. Имено, тој рече дека повисоки плати можат да добијат само судиите бидејќи тие имаат поголеми работни задачи и дека задршката на платите за време на протестите е законска и дека постапката ќе продолжела и во иднина.

Тој потенцираше дека Министерството за финансии не поднело забелешка околу одлуката.

Инаку Караџовски спомена дека последното зголемување на платите на судиите биле во 2012 година и дека доколку барањето било одобрено за  додатоците за судските службеници сите судии ќе се заканеле со тужба па така немало да останат средства во буџетот за наредната 2018/2019.

  Категории: