ВИДЕО: Шилегов со автобус и еко автомобил, другите градоначалници – загадувачи

ВИДЕО: Шилегов со автобус и еко автомобил, другите градоначалници – загадувачи
10.01.18   19:36

Прочитано : 867

Print This Article

Иако пред неколку седмици Петре Шилегов за една од неговите активности користеше класичен автомобил, денеска тој дојде и си замина со службеното еко-возило кое го поседува Град Скопје. Вели дека веќе два дена на работа оди со автобусите на ЈСП, пренесува ТВ21.

„Денеска наутро дојдов со автобус до определена точка каде што го имав состанокот потоа со електричното возило како што сега дојдов на оваа прес-конференција. Тоа го користам во текот на денот кога ги имам овие протоколарни комуникации“, порача Шилегов.

Но, за разлика од Шилегов, другите градоначалници со кои заедно промовираа прокет за чистење на скопските улици со цел барем малку да се намали загадувањето на воздухот, дојдоа со своите автомобили – на бензин.

Во општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари, најголем број од домаќинствата се греат на дрва, чие согорување значително го зголемува количеството на штетните ПМ10 честички во воздухот. Општина Чаир дури нема ниту мерна станица, за разлика од другите, за да се види степенот на загадување на воздухот.

„Ние сите треба да придонесеме против загадувањето на воздухот. Имам план во буџетот да одделиме и за мерна станица која го мери загадувањето на воздухот“, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Вработените на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „ Комунална хигиена“ денеска навистина ги чистеа улиците, но можеше да се забележи дека сечат и по некое дрво.

Воздухот во Скопје со денови е неколкукратно позагаден од дозволените граници. А граѓаните стануваат се понетрпеливи, очекувајќи од градските власти решение, на кус и на долг рок.

  Категории: