(Видео) Шекеринска: Имаме обврска и одговорност да направиме сѐ за Груевски да биде само времен бегалец од правдата

(Видео) Шекеринска: Имаме обврска и одговорност да направиме сѐ за Груевски да биде само времен бегалец од правдата
14.12.18   21:26

Прочитано : 171

Print This Article
шекеринска 2

На гостувањето во Студио 1 министерката за одбрана и вицепремиер, Радмила Шекеринска, истакна дека се уште се чека на резултатите од истрагата за бегството на експремиерот Груевски.

„Иако и јас како министер и граѓанин сакам да ги видам резултатите од истратата, спремна сум на институциите да им го дадам времето за да не ни даваат оправдувања, туку реална вистинска слика. Исгратата која се води мора да ги дефинира фактите за да произлезе  кривична одговорност која сигурно некаде постои. Но, исто така каде се тие дупки кои што овој тип на криминална структура ги злоупотребува. Таа структура со многу пари и поддршка на странска држава, овие три работи се силен триаголник за бегство и во многу други држави“, рече Шекеринска.

Изминатите денови Груевски беше снимен во Будимпешта, па повторно се отвора прашањето која институција треба да поднесе одговорност за ваквиот пропуст, ако се земе во предвид фактот дека три месеци пред бегството тој вадел пари од сметката.

„Дали ни е целта да се скараме со тие што помогнале или целта ни е правдата да профункцинира? Без разлика колку време ќе ни треба Груевски да се соочи со правдата, јас верувам дека имаме обврска и одговорност да направиме се за Груевски да биде само времен бегалец од правдата. Тој можеше да избере да биде Ердоган и да се покаже како политички силна личност која спремна е се да издржи. Човекот кој ги убедуваше поддржувачите на првата кривина избега. Но, имаме и втор пример тоа е Санадер. Тој избега, па после беше вратен и ја служи својата казна. Нашата цел мора да биде да не водиме партиска пропаганда, туку се да се води по процедура. Бев лута, бесна и незадоволна затоа што знам како тоа ќе се преслика и на граѓаните кои се жедни за  правда. Оваа држава е жедна за правда и уморна од насилство“, објасни Шекеринска.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

  Категории:
view more articles

Останати вести