ВИДЕО: Се запали двокатен автобус на ЈСП

ВИДЕО: Се запали двокатен автобус на ЈСП
22.08.19   10:41

Прочитано : 415

Print This Article

Се запали автобус на ЈСП на линијата бр 5 во Ѓорче Петров.

Со соопштение за пожарот се огласи и ЈСП.

„Ве информираме дека во автобусот на линија 5 во кој утринава избувна пожар нема повредени патници, причинета е само материјална штета. Настанот се случил во близина на Општина Ѓорче Петров, кога автобусот сообраќал на редовна линија во правец кон центар.

Пожарот, чии причини се утврдуваат, е изгаснат во брзо време, благодарение на брзата интервенција на екипата на Противпожарната бригада.

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен и се утврдуваат причините на пожарот.

Возачот на автобусот изјавил дека за време на возењето забележал чад од горниот кат на возилото, застанал и со ПП апарати се обидел да го изгасне. Во меѓувреме забележал и искрење и повикал на помош екипа на Противпожарната бригада. Пожарот бил изгаснат во најбрз можен рок.

Во моментов, на терен врши увид и екипа на МВР“, стои во соопштението.

Дополнето:

ФОТО: Шест пожарникари со две возила го изгаснаа запалениот двокатен автобус

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести