(ВИДЕО) Се разбуди вулканот Етна, евакуирано население, затворени два аеродромот

(ВИДЕО) Се разбуди вулканот Етна, евакуирано население, затворени два аеродромот
21.07.19   12:28

Прочитано : 356

Print This Article

Вулканот Етна на Сицилија е во ерупција откако од еден кратер тече лава, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија. Ерупцијата е испрекината и лавата тече на југоисточната падина од вулканот на километар ипол од кратерот.

Поради ерупцијата на вулканот евакуирано е населението од тоа подрачје. Затворени се и два аеродроми.

Облакот од пепел предизвикан од ерупцијата се гледа од цела источна Сицилија. Видливоста е намaлена и поради тоа се затворени два аеродроми во Катанија. Последна голема ерупција на овој вулкан се случила пред 10 години.

  Категории: