ВИДЕО: Разрешниот директор на струшкиот затвор дел од истрагата за продажба на дрога?

ВИДЕО: Разрешниот директор на струшкиот затвор дел од истрагата за продажба на дрога?
11.07.18   22:31

Прочитано : 411

Print This Article
loading...
loading...

Досегашниот директор на струшкиот затвор, Арменд Шаќири, кој самоиницијативно поднесе оставка, сега е директор на новоформирано претпријатие за паркови и зеленило – Еко Струга.

Во телефонски разговор за телевизја 24 тој потврди дека одлуката за неговота нова функција поминала и на советот во Струга. Шаќири децидно демантираше дека и тој бил инволвиран во криминалната група осомничена за трговија со оружје и дрога.

„Немам такво сознание дека сум дел од групата. Под наредба на Основниот суд имаше контрола во затворот и јас дадов исказ, но не како осомничен, туку како управител одговорен за установата# – изјави Шаќири во изјава за телевизија24.

Од Владата не прецизираат дали Шаќири е инволвиран во случајот, велат тоа е надлежност на органите на прогонот.

Сепак, според неофицијални извори од истражните органи, Шаќири се уште е предмет на истрага, и не е исклучено да му биде поднесена и пријава. Од Министерството за внатрешни работи, денеска не сакаа да дадат повеќе детали, велат се работи за обемна истрага.

Инаку, истрагата во струшкиот регион започна во саботата, кога беа уапсени шест лица, а еден се уште е во бегство. Сите се осуденици, кои веќе издржувале казна во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга. Функционирале како крими-група, а во бизнисот со оружје и дрога им помагал и еден инспектор. Полицијата истражува дали и други вработени во затворот биле дел од мрежата. Во меѓувреме, со затворот раководи Васил Ашталкоски, досегашниот заменик-директор, кој по оставката на Шаќири, ги добил сите овластувања.

  Категории: