(Видео) Путин падна на хокејарски натпревар во Сочи

(Видео) Путин падна на хокејарски натпревар во Сочи
путин

Рускиот претседател Владимир Путин постигна најмалку осум голови на хокејарски натпревар во Сочи, пред да се сопне и падне на мразот додека ја поздравуваше публиката.

Новинските агенции АП и „Ројтерс“ објавија дека Путин дал осум голови во победата од 14:7, но во официјалното соопштение на Кремљ стои дека бил најдобар стрелец на мечот се десет. Неговиот соиграч, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, додаде уште три гола.