(Видео) Пуштена во употреба првата пловечка фарма во Ротердам

(Видео) Пуштена во употреба првата пловечка фарма во Ротердам
6.07.19   16:17

Прочитано : 489

Print This Article
Roterdam plovecka farma

Првата пловечка фарма на светот беше пуштена во употреба во Ротердам, Холандија. Целта на иницијативата, според креаторот Петер ван Вингерден е да се намали растојанието меѓу местото на производство и местото на консумација на храната. Со оглед на тоа што поголемиот дел од светското население денес живее во урбани области, побарувачката за свежа храна во градовите е во подем.
„Сакаме да го намалиме транспортот, бидејќи храната се пренесува преку цел свет, со авиони, бродови и камиони. Тоа создава големо загадување, а и пропаѓа многу храна, вели тој.
Ова, заедно со многуте соларни панели на фармата, го прави пловечкиот проект еколошка алтернатива во однос на актуелните земјоделски методи. Фармата е исто така дизајнирана за отсолување на морската вода.
Во моментов пловниот објект е мал и на него се сместени само 32 крави, но плановите се во иднина да се градат поголеми.

  Категории: