(ВИДЕО) Промрчена Саботажа

(ВИДЕО) Промрчена Саботажа
4.10.19   23:17

Прочитано : 1,740

Print This Article

Надалеку прочуените полиглотски способности, прераснуваат во нова димензија, во која освен покажувањето достојно познавање на јазикот, следува фазата на прецизирање со интерпретација во консекутивна форма.

„Во нашата земја, според мене се случува еден вид хилинг или заздравување. Според мене, можеби претенциозно гледам, но тоа на крајот е чувство и филинг на граѓаните“.

Сепак, не достига осет за тоа каде и што стои во редоследот на одговорност при извршувањето на преземените обврски, па најчесто во таа битка на титаните страда тревата, позиција која што е базичен елемент на македонската политичка култура.

„Рибата смрди од опашката, не случајно се овие кованици од нашиот народ“.

Покрај евидентното познавањето на анатомијата на рбетниците и на причините поради кои според традицијата еден организам се распаѓа, завидно е нивото на познавање на распоредот и функцијата на деловите од човековото тело задолжени за вид и за слух.

„Кои што имаат уши а се прават слепи, имаат очи а се прават слепи“.

Се разбира, свое влијание има и местоположбата, па самоуловиот дух кој од кулите се спушта накај градот со сигурност ги вградил неопходните познавања на историјата, кој како легенди се пренесуваат од генерација на генерација, од колено на колено.

„Сите заедно, и Власи и Албанци и Македонци и Турци беа против османлиското ропство, беа сите заедно“.

Ладниот прием на ова возбудливо модерно гледиште за сознанијата од минатото целосно ги елиминира и желбата и нагонот за впуштање во дополнителна експликација на таа врска, придонесувајќи за потполно губење на политичкото либидо.

„И навистина, сите се осеќаме фригидно во одредени моменти“.

Тоа е чувството кога навистина не постои ниту една можност за корекција, бидејќи линијата на отпорот е одамна падната и се се сведува на исчекување на нова серија патрони со кои се постојано се стрела директно во погрешната мета.

„Со сила на човека може да му дадеш, не можеш да му земеш со сила, односно може со сила да му земеш а не можеш да му дадеш“.

И на крајот. Кога и покрај се, за се може да се најде рационално објаснување.

„Не знам тоа струмички ли е тоа или македонски, го имаме во нашиот речник, кога нешто така забушаваш, бараш изговори, се вика мрчење, тоа е така, се нешто мрм мрм…“

Колоквијалниот јазик трпи забушавање, ама се додека тој не почне да се користи како изговор за отсуство на резултати, оти само тогаш и се мрчи.

Извор: 360 Степени

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести