(ВИДЕО) Порно актерката Миа Калифа добивала закани по живот од ИД поради порно во хиџаб

(ВИДЕО) Порно актерката Миа Калифа добивала закани по живот од ИД поради порно во хиџаб
16.08.19   09:07

Прочитано : 925

Print This Article
mia

Порно актерка од Либан Миа Калифа добивала сериозни закани по живот од Исламската држава , а родниот Либан се откажа од неа по снимањето порно филм во кој е облечена во хиџаб.

Миа Калифа откри дека не заработила речиси ништо во порно индустријата, за три месеци додека снимала филмови за возрасни.

“Луѓето мислат дека пливам во милиони заради порно филмовите. Тотална невистина. Заработив вкупно околу 12,000 американски долари во индустријата и после тоа никогаш повеќе не видов ниту цент. Тешкотиите да најдам нормална работа потоа беа … ужасни”, рече Миа на Твитер.

People think I’m racking in millions from porn. Completely untrue. I made a TOTAL of around $12,000 in the industry and never saw a penny again after that. Difficulty finding a normal job after quitting porn was… scary. Full interview here: https://t.co/xHK7SmhfrY pic.twitter.com/fwJlyzHznq

— Mia K. (@miakhalifa) August 12, 2019

Инаку, Миа се повлече од порно индустријата во 2015 година, откако доби смртни закани поради порно филмот што го снимаше со хиџаб.

„Целиот Блискиот исток беше против мене. Либан се откажа од мене. Моето семејство се откажа од мене и претпоставувам дека секој Муслиман на Твитер беше против мене”, рече таа.

Миа вели дека добивала закани од Исламската држава, кои на почеток не ги земала за сериозно. Но , откако и стигнала порака дека ќе и ја исечат главата со слика од Гугл од нејзиниот стан , се преселила од страв и живеела во хотел.

  Категории: